MSc, CTA-P,
TA101 инструктор
MSc- магистер на науки од областа на клиничка психологија
CTA-P- сертифициран психотерапевт од Трансакциска Анализа
TA101 инструктор за базична обука од Трансакциска Анализа
MSc, CTA-P,
TA101 инструктор
MSc- магистер на науки од областа на клиничка психологија
CTA-P- сертифициран психотерапевт од Трансакциска Анализа
TA101 инструктор за базична обука од Трансакциска Анализа
Трансакциска анализа
Трансакциската анализа е теорија на личност, интерперсоналната комуникација и психотерапија насочена кон личен раст, развој и промени. Таа се темели на вредности како взаемно почитување, прифаќање и уверување дека секој поединец има капацитет да учи, да се развива и да прави свесни промени во својот живот.
Психотерапија според Трансакциска анализа (ТА) е структуиран и договорен пристап кој им помага на луѓето да развијат поголема свесност, слобода на избор и автентичност во односите.
ТА е развиена од Eric Berne и се темели на идејата дека секој човек има капацитет за промена и раст.
Тренинзи и едукација
Трансакциската анализа е применлива за лица кои сакаат да ги подобрат своите односи, да ги унапредат комуникациските вештини и да работат на личниот и професионалниот развој. Таа е соодветна како терапевтски пристап, но и како алатка за личен, едукативен и организациски раст.
ТА101 претставува базична и воведна обука по Трансакциска анализа, во која се изучуваат основните концепти и теоретските основи на овој психотерапевтски правец.
ТA202 подразбира напредна едукација од Трансакциска Анализа која трае четири години односно пет, последната година е предвидена за припрема за испит за Сертифициран Психотерапевт од Трансакциска Анализа.
Психотерапија
Психологијата има значајна улога во унапредувањето на менталното здравје, психолошката благосостојба и квалитетот на животот.
Преку психолошка проценка, советување и психотерапија, се обезбедува професионална поддршка при справување со емоционални, когнитивни и бихејвиорални потешкотии.
Целта на психолошката работа е подобро разбирање на човековото функционирање, јакнење на личните капацитети и поддршка на поединецот во процесот на личен развој и ментална стабилност.
Заедничка цел
Без разлика дали процесот е индивидуален или групен, целта е:
За нас
Надица Скепароска-Петковска е дипломиран психолог, со завршени додипломски студии на Институтот за психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Своето академско образование го продолжува со магистерски студии по клиничка психологија на Универзитетот во Љубљана, Факултет за психологија.
Локација