Надица Скепароска-Петковска е дипломиран психолог, со завршени додипломски студии на Институтот за психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Своето академско образование го продолжува со магистерски студии по клиничка психологија на Универзитетот во Љубљана, Факултет за психологија.
По завршувањето на магистерските студии, ја започнува својата професионална едукација по психотерапија на Институтот за психотерапија од Трансакциска анализа во Љубљана. Во ноември 2024 година се стекнува со звање Сертифициран психотерапевт од Трансакциска анализа (CTA), по што станува и делегат на Македонската асоцијација за трансакциска анализа (МАТА) во Европската асоцијација за трансакциска анализа (EATA).
Основач е на приватна пракса за психологија „Мозаик Советувалиште-Скопје„ во кое работи од 2014 година како психолог советник, потоа психотерапевт под супервизија и од 2024 год. како сертифициран психотерапевт. Во својата пракса работи индивидуална и партнерска психотерапија, советување со родители и терапија со деца преку игра. Во тек на последните години „Мозаик Советувалиште„ станува тим, каде работат уште неколку колеги со цел да се излезе во пресрет на поголем број на клиенти и различни потреби.
Особено важна е соработката со меѓународни фондации и здруженија од регионот во облик на одржани тематски обуки.
Од областа на истражувања, во 2011 направено е истражување од среден ранг низ повеќе градинки во Скопје, каде беа опфатени 100 деца. Научен Труд објавен во: Зборник на трудови од Меѓународната конференција за теоријата и практиката вопсихологијата на Филозофскиот Факултет во Скопје 30.10.2014-01.11.2014.
Во ноември 2025 година се стекнува со звање Инструктор за базична обука по Трансакциска анализа – ТА101, со што активно се вклучува во едукативната работа и развојот на Трансакциската анализа во регионот.
Во моментов е во процес на подготовка за здобивање на звањето Привремен Учител и Супервизор по Трансакциска Анализа Provisional Teaching and Supervising Transactional Analyst (PTSTA) во областа на психотерапија.