ТА101 претставува базична и воведна обука по Трансакциска анализа, во која се изучуваат основните концепти и теоретските основи на овој психотерапевтски правец. Обуката опфаќа запознавање со почетоците и развојот на Трансакциската анализа, нејзините клучни поими, како и областите на примена во личниот, професионалниот и организацискиот контекст.
ТА101 е наменета за лица кои имаат интерес да продолжат со формално образование и понатамошно сертифицирање во Трансакциска анализа, со цел стекнување звање Советник или Психотерапевт, како и за сите заинтересирани поединци кои сакаат да стекнат основно знаење за концептите и практичната примена на Трансакциската анализа во секојдневниот живот и работа.
Обуката ТА101 е во вкупно времетраење од 12 часа и се реализира во текот на еден викенд. По завршувањето на обуката, учесниците одговараат на структурирани прашања како дел од процесот на евалуација. По успешно завршување на ТА101 обуката, учесниците добиваат сертификат за завршена базична обука по Трансакциска анализа, кој е меѓународно признат и валиден за продолжување на едукацијата и надвор од земјата.
Темите кои се застапени во ТА 101 се:
Што е ТА
Краток преглед на развојот на ТА
Функционална анализа на Его-состојби
Структурална Анализа на Его-состојби
Особености на ТА (Трансакции, Стоукови, Отпишување и
Структурирање на време)
Анализа на игри
Рекет Анализа
Скрипт Анализа