Психотерапија & Советување
Психотерапија & Советување
Целта на Психотерапија
Психологијата има значајна улога во унапредувањето на менталното здравје, психолошката благосостојба и квалитетот на животот.
Преку психолошка проценка, советување и психотерапија, се обезбедува професионална поддршка при справување со емоционални, когнитивни и бихејвиорални потешкотии.
Целта на психолошката работа е подобро разбирање на човековото функционирање, јакнење на личните капацитети и поддршка на поединецот во процесот на личен развој и ментална стабилност.
Психолошко советување
Советувањето е процес насочен кон решавање на конкретни проблеми и животни ситуации. Доколку се соочувате со тешки одлуки, конфликти, стрес на работа или лични дилеми, психолошкото советување може да ви помогне да добиете јасност, поддршка и нова перспектива.
Преку структуриран разговор и професионално водство, ќе работиме на:
подобро разбирање на проблемот
развивање практични стратегии
носење свесни и здрави одлуки
Фокус и личен развој
Работата на личниот развој помага да се подобри концентрацијата, мотивацијата и насоката во животот. Преку насочени сесии ќе работиме на:
подобрување на фокусот и концентрацијата
поставување и остварување цели
градење самодоверба
развивање емоционална стабилност
создавање баланс помеѓу личниот и професионалниот живот
“ Додека не го направите несвесното свесно, тоа ќе управува со вашиот живот- а вие ќе го нарекувате судбина. ”
Карл Јунг