Трансакциска анализа
Трансакциска анализа
Трансакциска анализа
Трансакциската анализа е теорија на личност, интерперсоналната комуникација и психотерапија насочена кон личен раст, развој и промени. Таа се темели на вредности како взаемно почитување, прифаќање и уверување дека секој поединец има капацитет да учи, да се развива и да прави свесни промени во својот живот.
Трансакциската анализа е основана од Ерик Берн, кој преку своите книги и научни трудови ги направил нејзините концепти достапни и применливи, а тие и денес претставуваат основа на современата психотерапевтска практика. Денес, Трансакциската анализа е признат и широко применуван психотерапевтски правец, со значајна употреба и во организацискиот развој, образованието и советодавната работа.
Според Интернационалната асоцијација за трансакциска анализа, „Трансакциската анализа е теорија на личноста и систематска психотерапија насочена кон личен развој и промени“.
Трансакциската анализа се заснова на соработка меѓу терапевтот и клиентот. Наместо пасивен примател на интервенции, клиентот е активен учесник во терапевтскиот процес. Работата се одвива преку јасно дефинирани договори, заедничко поставување цели и транспарентен терапевтски процес, во кој клиентот добива разбирање за насоката на работата и применетите техники.
Клучни концепти во Трансакциската анализа се: его-состојби, трансакции, строукови, психолошки игри и животно сценарио. Овие концепти овозможуваат јасно разбирање на однесувањето, комуникациските обрасци и начинот на кој луѓето ги донесуваат своите животни одлуки.
Поради својата јасност и практична ориентираност, Трансакциската анализа е применлива за лица кои сакаат да ги подобрат своите односи, да ги унапредат комуникациските вештини и да работат на личниот и професионалниот развој. Таа е соодветна како терапевтски пристап, но и како алатка за личен, едукативен и организациски раст.
Психотерапија според Трансакциска анализа
Психотерапијата според Трансакциска анализа (ТА) е структуриран и договорен пристап кој им помага на луѓето да развијат поголема свесност, слобода на избор и автентичност во односите.
ТА е развиена од Eric Berne и се темели на идејата дека секој човек има капацитет за промена и раст.
Нашиот пристап
Во ТА психотерапијата работиме преку:
✔Јасен договор
Заедно со клиентот дефинираме конкретна цел и правец на работа.
✔Разбирање на внатрешните делови (Parent–Adult–Child)
Истражуваме како внатрешните пораки, уверувања и емоции влијаат врз одлуките и односите.
✔Препознавање на животни обрасци (сценарио)
Откриваме рани одлуки и повторувачки модели кои можат да го ограничуваат личниот развој.
✔Работа со релации
Терапијата се одвива во безбеден, доверлив и емпатичен однос, каде новото искуство на контакт станува дел од процесот на промена.
Цел на психотерапијата
Психотерапијата во ТА има за цел да поддржи:
➤Поголема свесност
➤ Емоционална стабилност
➤ Подобра комуникација
➤ Преземање одговорност за изборите
➤ Развивање автономија – способност за свесност, спонтаност и блискост
ТА психотерапијата е соодветна за работа со индивидуи, парови и групи и може да помогне при анксиозност, депресивни состојби, релациски потешкотии, професионален застој и лични кризи.
Што претставува советување во ТА?
Советувањето е пократкорочен и фокусиран процес во кој работиме на:
✔ Донесување одлуки
✔ Подобрување на комуникација
✔ Професионални и организациски предизвици
✔ Лични дилеми и транзициски периоди
✔ Развивање лични и социјални вештини
Фокусот е на овде-и-сега ситуациите и на јакнење на Возрасната (Adult) его-состојба.
Како работиме?
➤Договор и цел
Заедно дефинираме тема и очекувана промена.
➤Анализа на комуникација
Истражуваме трансакции, недоразбирања и повторувачки релациски модели.
➤Свесност за внатрешни пораки
Препознаваме ограничувачки уверувања, драјвери и автоматски реакции.
➤Согледуваме нови избори
Го поддржуваме клиентот во преземање одговорност и пронаоѓање нови опции за решавање на проблеми
Цел на советувањето во ТА
✔ Носење подобри одлуки
✔Подобрување на релациите
✔ Зголемена самодоверба
✔Конструктивно справување со конфликти
✔ Јакнење на автономијата
Советувањето во ТА е соодветно за индивидуи, парови и професионалци кои сакаат практична, јасна и применлива поддршка во секојдневниот живот и работа.